И Рашфорд цел на расистички навреди по нереализиран пенал

71

По натпреварот од 3. коло во англиската Премиер лига, против „Кристал Палас“ (1:2), напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд беше изложен на расни навреди. На овој дуел Рашфорд не реализираше удар од белата точка.

Според „Сан“, на Твитер се појавиле коментари со навредливи зборови поврзани со расизам на сметка на фудбалерот. Претходно истото му се случи и на Пол Погба, кој исто така не реализираше пенал на средбата со Вулверхемптон (1:1).

Одговорните во Твитер ветија дека одблизу ќе ги следат профилите на играчите со темна боја на кожата со цел да се спречат случаите на расизам.