И покрај многубројните сопки, Соња и Јохан Тарчуловски прославија 14 години среќен брак!

127

Иако за познатата фолк-пејачка Соња Тарчуловска изминатите неколку години многу се пишуваше, ама и многу се трачареше, од оваа или онаа причина, сепак мора да признаеме дека таа со хитот “Во бело, во бело” успеа да се искачи на сите можни македонски фолк топ-листи и да стане една од најпопуларните.

Откако потоа се омажи за македонскиот патриот Јохан Тарчуловски нејзината популарност тројно се зголеми, па интересирањето за неа и нејзиниот сопруг стана нешто како “национален спорт”. Без разлика на сето тоа, тие пред некој ден прославија 14 години брак. Живеат среќно без разлика на многубројни надворешни сопки кои им се прават, најчесто од љубоморни, завидливи, тажни и помалку налудничави луѓе. Успеваат со игнорирањето да се одбранат од таквите и да уживаат со своите деца Мелани, Младен и Јоана. Нека им е со среќа заедно со нивните три сонциња!   Дуле М.