И ова лето…. “Карванот си врви, кучињата лаат….“

221

Македонија, и ова лето, без разлика на смена на власта останува идеално место за навистина голем број пејачи од поранешната Југославија за нивната одлична заработувачка и солидна заработувачка на организаторите. Некои ќе имаат повеќечасовни солистички концерти, а некои ќе пеат во дискотеки, другите во рамките на летните фестивали кои најчесто се фестивалите на пивото, скарата, виното, ракијата, грозјето и слично на тоа. И без разлика што некои од општината Охрид пред неколку месеци се побунија поради арчење на општинските пари, во врска со концертите на забавни и фолк пејачи од соседтсвото во шпицот на сезоната, кога се одржува “Охридско лето“ со поинаков тип на уметноста, сепак слатките пари од кои никој не сака да се откаже си го прават своето.

Голем број српско-хрватски естрадни ѕвезди повторно ќе тргнат во окупација на македонскиот Ерусалим, а по Охрид ќе има и окупација на нивните фанови во уште неколку македонски градови. Да се направи забрана на нивните настапи би било крајно глупо и несфталиво за една демократска земја како што е Македонија, но и од едноставна причина што тие пејачи собираат неверојатно многу публика. А, тоа се пари. Впрочем, за музиката и парите не постојат граници…..па, така (и ова лето) одлично ќе се журкаме со: Цеца Ражнатовиќ, новосадската група “Фрајле“, Јелена Розга, Жељко Јоксимовиќ, Жељко Самарџиќ, Данијела Мартиновиќ, Владо Георгиев, раперот Раста, Северина, Јелена Карлеуша, Милица Павловиќ, Рада Манајловиќ, Бора Чорба, Халид Муслимовиќ, Ана Бекута, Аца Лукас,

Петар Грашо, Ален Исламовиќ…..а, бериќетната летна сезона како што почнала така и ќе заврши, со мега-популарнит Здравко Чолиќ во Кавадарци на 8-ми септември. Така да тоа е тоа според онаа народната поговорка: Карванот си врви, кучињата лаат! Кога соседите ќе ни дојдат и ќе ни загрмат со хитовите од кои боли глава и со изјавите дека “најмногу ја сакаат македонската публика”, ние се ќе си заборавиме и ќе си запееме онака уште поискрено од колку што се нивните изјави …..или “Вирујен у те“ со Северина или “Плеши са мном“ со Данијела Мартиновиќ….бидејќи и ќе веруваме и ќе танцуваме, се додека и тие самите веруваат во сигурен извор од огромни хонорари заработени во Македонија!
Дуле Миќиќ