И најмладите од Аеродром се вклучија во Европската недела на мобилност

114

Европската недела на мобилност беше одбележана со повеќе активности во Општина Аеродром. Децата од предучилишна возраст од градинките „Буба Мара“ го одбележаа денот без автомобили возејќи велосипеди и упатувајќи пораки до возачите повеќе да користат превозни средства што не го загадуваат воздухот.

 Исто така, дечињата од градинките „Калинка“ и „Срничка“ денеска пешачеа по кејот на реката Вардар, од хотел „Порта“ до хотел „Дабл три Хилтон“, вежбаа и се едуцираа за придобивките од пешачењето.     

Во одбележувањето на Неделата на мобилност се вклучија и учениците од четврто одделение од ООУ „Ѓоргија Пулевски“, кои возеа велосипеди по кејот на Вардар од училиштето до Градскиот парк и назад.