И мојот мозок да се разлеташе како на Фјури, и јас немаше да се борам

92

Од големиот боксерски спектакл помеѓу Американецот Дионтеј Вајлдер и Британецот Тајсон Фјури нема да има ништо. Тоа и официјално го потврди претседателот на ВБЦ, Маурисио Сулајмен, велејќи дека нема да се одржи планираната борба меѓу двајцата боксери кој беше предвидена за на 18 мај.

  • Нивниот реванш нема да се случи. Додека Вајлдер покажуваше волја за бранење на титулата во реваншот, Фјури сега че одработи друг меч. Се надеваме дека во иднина овие двајца боксери повторно ќе ги одмерат силите во рингот, истакна Сулајман.

Се очекува Вајлдер во наредната борба да ја брани титулата против Доминик Бризил. ВБЦ нареди борба за привремената титула меѓу Бризил и Дилиен Вајт, но со обзир на новиот развој на настаните реално би било Американецот да добие шанса која ја чека од ноември 2017 година.

Минатата недела, откако го потпиша договорот со промоторот Топ ранг и телевизиската куќа ЕСПН, Фјури преку социјалните мрежи му испрати порака на Вајлдер: „Ќе се борам против кого било во светот, немој да ја користиш политиката во боксот, за да избегаш да ме предизвикаш мене, вистинскиот шампион.

Вајлдер одговори откако дозна дека нема ништо од реваншот.

  • Ти, беден човеку! Сите знаеме што изјави пред една недела, знаеше дека нема да се бориш против мене па затоа провоцираш. Ти, кој стана славен преку другите, бараше прво борба за загревање. Но, не те обвинувам. Ако мојот мозок се разлеташе така по подот, веројатно ниту јас не би размислувал така.

Првата борба меѓу Вајлдер и Фјури во декември минатата година заврши без победник по одлуката на судиите. Вајлдер двапати за време на мечот го нокаутираше Британецот, но генералниот впечаток е дека Фјури, и покрај тоа, требаше да ја однесе победата.