Македонскиот олимписки комитет го одржа редовното годишно Собрание на кое беше донесена одлука за промена на името во Олимписки комитет на Северна Македонија, откако тоа го прифатија и делегатите. На состанокот беше променет и Статутот, но беше донесена и измена со која националните спортски федерации кои се дел од олимписките спортови, го преземаат мнозинството во собранието.

Промената на Статутот на сега Олимпискиот комитет на Севрна Македонија беше едно од четирите барањата на Меѓународниот олимписки комитет од изминатиов период, покрај барањата до властите во земјава и до другите спортски организации, прво да направат измени на Законот за спорт, потоа националните олимписки федерации да потпишат Меморандум за автономија и трето да се усогласат статутите на националните спортски федерации со статутите на меѓународните спортски федерации, согласно Олимписката повелба.

Претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Васил Тупурковски, изјави дека промената на името на Националниот олимписки комитет е направена, бидејќи се сменети Уставот и законите, а информацијата потекнува од Обединетите нации и Меѓународниот олимписки комитет.

  • Затоа мораме да носиме одлука да се викаме Олимписки комитет на Северна Македонија, изјави Тупурковски.

Исто така беа донесени и промени на членовите на Собранието на Олимпискиот комитет, па според најновиот извештај тоа се: Васил Тупурковски, Владимир Богоевски, Руждија Калач, Даниел Димевски, Емил Павлов, Чедо Николовски, Наталија Малахова, Елизабета Божиновска, Шабан Сејдиу, Златко Калински, Стојна Вангеловска, Гордана Нацева, Дарко Панчев, Или Марку, Моника Гавриловска, Венцислав Недев, Антонио Ристевски, Благоја Георгиевски, Назим Куртовиќ, Стојан Поповски, Нина Балабан, Кик Бокс МаиТаи федерација на Македонија, Самбо Федерацја на Македонија, Параолимписки комитет на Северна Македонија.

Исто така познати се и членовите на Управниот одбор (УО): Васил Тупурковски, Примислав Димовски – Потпретседател, Перо Антиќ – Потпретседател, Шабан Сејдиу, Гордана Нацева, Стојна Вангеловска, Нина Балабан, Даниел Димевски, Димитар Костадинов, Борче Костовски – Таеквондо федерација на Македонија, Горан Рафајловски – Тениска федерација на Северна Македонија, Петар Јовановски – Одбојкарска федерација на Македонија, Александра Војнеска – Атлетска федерација на Македонија, Зоран Стојановиќ Мечувалечка федерација на Северна Македонија, Живко Мукаетов – Ракометна федерација на Македонија, Муамед Сејдини – Фудбалска федерација на Македонија, Бетим Вренези – Федерација на боречки спортови на Македонија.