И младите иселени од земјава ќе може да конкурираат за економски промотори

164

Младите иселени од земјава и школувани надвор може да бидат некои од потенцијалните економски промотори во трите канцеларии за привлекување странски инвестиции и промоција на македонските деловни можности што треба да бидат отворени наскоро во САД, Германија и Турција.

Според вицепремиерот Кочо Анѓушев,кој не непрецизираше кога точно ќе профункционираат канцелариите, огласот за промоторите ќе биде јавен, транспарентен и ќе бара висок степен на едукација на кандидатите, посебно познавање странски јазици, пред сè за подрачјето што ќе го покриваат.

Тој информира дека измените на Законот за ТИРЗ со кој треба да се овозможи отворањето на канцелариите за економска промоција на земјава, се веќе изготвени и треба да ја поминат владината процедура по што ќе бидат испратени во парламентот.