И кучињата знаат да кажат „благодарам“

49

Луѓето имаат многу начини да искажат и покажат благодарност… Се прегрнуваме, се насмевнуваме, си велиме благодарам, па и си испраќаме пораки и рачно напишани благодарници.

А, како кучиња го покажуваат тоа? Преку „бакнежите“ и мавтање со опашката, или со тој нивен искрен и неодолив поглед? Со сѐ тука наведено. И науката го потврди тоа.

Се разбира, сосема е природно тоа што животното се забавува со вашите гестови. Речиси и да нема куче кое не сака „забава“ на отворено или нешто друго што го вклучува и сопственикот. Но, дали тоа во тој миг си мисли: „Ти благодарам, драг мој човеку“?

Научниците се едногласни – тоа е многу можно. Клучот за разбирање на благодарноста е емпатијата. Со други зборови, не можеме да се чувствуваме вистински благодарни за нешто ако не сме во можност да се ставиме на местото на оној што го дава подарокот, или го прави гестот, и е љубезен кон нас. Без емпатија, добрите чувства поврзани со добивањето нешто убаво се чиста среќа. Што е, исто така, се разбира – позитивна емоција, но тоа не е искрена благодарност.

Труд на истражувачи од австрискиот Универзитет на Виена покажува дека четириножните миленичиња се способни да ги разберат и да одговорат на човечките емоции – клучната вештина поврзана со емпатијата.

За целите на научниот труд, кучињата биле сместени во соба со нивните сопственици, кои пак морале да носат слушалки или да читаат книга – игнорирајќи го животното. Во истата просторија имало и звучници кои на животните им пуштале различни звуци на кучиња и луѓе – радосни или тажни, како и неутрални звуци како дожд.

Резултатите говорат оти кучето посветувало поголемо внимание на звучниците кога содржината што се репродуцирала била емотивно исполнета – и од човекот и од другото куче. Уште повеќе, има поголема веројатност тоа „да замрзне“ при негативните звуци – како што се кучиња што квичат или луѓе кои плачат.

Тоа, според научниците, покажува дека милениците ја разбираат разликата меѓу среќата и тагата. Фактот дека кучињата покажуваат емпатични тенденции посочува дека благодарноста е во доменот на нивните способности.

Како кучињата ја изразуваат својата благодарност?

И светски познатиот тренер на кучиња, Сизар Милан на својот блог опишува дека верува дека возбудениот одговор што го гледаме кај нашите миленици кога ќе се вратиме дома после работа е погрешно толкуван како благодарност. Всушност, ова чувство кај нашите четириножни пријатели се јавува во некои далеку потивки мигови.

„Нашите кучиња ја изразуваат својата благодарност секогаш кога ќе нѐ погледнат во очи. Така добиваат потврда дека сме покрај нив и се уверуваат дека во наша личност имаат мирен и самоуверен водач“, смета Милан.

Дали другите животни можат да изразат благодарност?

Истражувањето на оваа тема покажува дека, покрај луѓето и кучињата, и некои други животни се способни за благодарност или нешто налик тоа. Напис на „Сајентифик Американ“ (Scientific American), на оваа тема ја раскажува за две шимпанза кои биле заклучени во темна просторија за време на бура – кога еден човек ја отворил вратата за да ги пушти надвор, тие инстинктивно го прегрнале.

Животните сепак не покажуваат благодарност само кон луѓето, туку и едни кон други. Единките Импала (вид голема антилопа што живее во Африка) се грижат еден за друг со нешта коишто се, можеби „здодевни“ за другите видови. На пр., на една антилопа и е потребно повеќе време за да исчисти друга, па втората ѝ возвраќа со исто толку време.

Ваквото однесување посочува дека животните имаат смисла за правичност и реципроцитет, ја ценат помошта што ја добиле и сакаат да ја возвратат.