Откако минатиот петок Македонската кошаркарска федерација реши да го пролонгира стартот на Првата лига на неодредено време, сега од „Куќата на кошарката“ стигнува информација за одложување на стартот на шампионатот во Првата женска лига. Како што информираат од федерацијата, донесената одлука за одложување на почетокот сезоната 2020/2021 кај дамите, а кој беше предвиден да биде претстојниов викенд, односно на 19 октомври, е пролонгиран поради епидемиолошка ситуација во земјата и бројот на новозаболени.

Во наредниот период, федерацијата очекува потврдата од страна на Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, за предлог-протоколот за реализација на планираните активности во натпреварувачката сезона 2020/2021.