Голема прашина крена телефонскиот разговор на премиерот Зоран Заев кој беше мета на руски комичари.

Тој порача дека нема да поднесе оставка, но се извини на граѓаните, поради разговорот кој предизвикал горки чувства.

„Почитувани се сите протоколи, а олеснителна околност е што сум во добро друштво. Во овој разговор не гледам дека има издавање на државни тајни и жалам за споделувањето на телефоните. Немам намера да поднесам оставка, а од ова ќе излеземе само посилни. Јас сум многу достапен човек, но понекогаш ваквата отвореност носи горки чувства кај граѓаните и се извинувам за тоа“, рече Заев.