И доделувањето на театарските “Тони“ награди одложено на неопределено

27

Годинешното свечено доделување на театарските награди „Тони“ вчера е одложено
на неодредено време. Ова е последниот во низата културни настани – жртви на
корона-пандемијата.

Доделувањето требаше да се одржи во Њујорк на 7 јуни, со пренос во
живо на Си-би-ес.

Театрите на Бродвеј беа затворени пред две седмици поради пандемијата.
Њујорк потоа беше прогласен за жариште на епидемијата во САД.
„Здравјето и безбедноста на бродвејската заедница, уметниците и
обожавателите нам ни се најважни”, се истакнува во известувањето на
организаторите.

Така, свеченоста е „одложена за подоцнежен датум“, како што стои во
соопштението. Наградите „Тони“ за драма, мјузикл, режисери и глумци се
сметаат за највисоко признание во американската театарска сцена.
Меѓу откажаните културни настани поради коронавирусот се и Филмскиот
фестивал во Кан, како и музичките фестивали во Гластонборо и во Велика
Британији и Коачела во Калифорнија. си/ссм/