И денеска знам да пуштам по некоја солза

64

Голем е бројот на фудбалски таленти кои никогаш не го покажаа својот полн потенцијал и за жал, нивната кариера заврши во погрешната насока. Кога фудбалскиот свет почна да зборува за него, тој беше под договор со шкотски Хартс, а сега, со 32 години, игра во четврта лига и е ангажиран како кондиционен тренер.

Атлетико Арад, Хартс, УТА Арад, Бихор Орадеа, Јиул Петрошани, Соими Панкота, АЦБ Инеу, Соими Липова, Печика, Куртичи и АЦС Сокодор се клубовите чии дрес го има носено Димитру Копил.

Романскиот фудбалер во 2007 година беше дел од групата со 50 најголеми светски таленти. Интересно, Димитру на тој список беше пред Месут Озил, Тони Крос и Иван Ракитиќ, кои подоцна станаа фудбалери од светска класа.

-Кожата ми се наежува и сега кога ќе се сетам на тоа. „Стари, и ти беше таму! Со најголемите!“. Можеби судбината сакаше мојот пат да биде поинаков, но јас сум горд што во еден момент бев под светлата на рефлекторот. Тоа го направив со напорна работа, без никаква помош или подршка, откри Копил за романските медиуми и продолжи.

  • Кога сум сам, мислите знаат да ми побегнат. Понекогаш се обвинувам зошто не сум се трудел малку повеќе. Зошто тогаш немав мозок? И сега знам да пуштам солза, не се плашам од плачење. Да е сега, пред мене, младиот Димитру Копил, веднаш ќе му кажам дека во фудбалскиот свет не може да се успее без напорна работа, сериозност и жртва. Менталитетот ќе беше првата работа која би ја променил. Бев горд кога ме споредуваа со Хаџи, но јас чувствував дека имам дополнителна брзина, освен техниката. Немав притисок, играв само од забава. Спиев во мојот дом со топката покрај мене, изјави Копил.

Некогаш големиот талент откри дека клучниот момент се случил после подготовките со Хартс во Германија.

  • Имаше неколку епизоди кои ме обезхрабрија. Но првиот момент, кој ме потресе се случи после подготовките со Хартс во Германија. Таму играв многу добро, постигнав неколку погодоци, ме засакаа тимските колеги, ми даваа подршка. Кога се вративме, одигравме пријателски натпревар со Барселона. Роналдињо, Чави, Иниеста, Турам… Цела ноќ не спиев од радост, имав чувство дека ќе бидам таму, дури и на резервната клупа, но следниот ден добив силен удар. Бев еден од двајцата фудбалери кои беа испратени на тибината. Нешто се промени во мене во таа секунда. Тоа ја промени мојата ситуација, не сфатив зошто. Тогаш бев најскап јуниор кој бил купен од Хартс, ме купија за 125.000 фунти и имав ослободителна клаузула од милион евра. Имаше многу шанси за деби во сениорскиот тим, но секогаш некој друг им беше помил. Знам дека имаше некакви преговори за трансфер во Стеауа додека Адриан Илие беше претседател. Ми беше кажано дека се ќе биде во ред, но Гиги Бекали не сакаше млади фудбалери, а потоа го ангажираше Даира Морено. Во Хартс имав неделна плата од 250 фунти. Купував само патики, имав 20 пара и секогаш ги купував најновите и најубавите.

Сега со 32 години Копил заработува неколку стотици евра месечно и е вистински пример за неуспешен фудбалер.