И Дедо Мраз годинава со КОВИД ПРОПУСНИЦА/ВИДЕО

272
Фото: Printscreen Youtube

Дојде време од годината кога компаниите почнуваат да се тркаат кој ќе има подобра и пооригинална новогодишна реклама во која се појавува Дедо Мраз. Во групата се приклучи и британскиот мултинационален малопродажен ланец Tesco, кој се чини дека веќе има голема предност.

Имено, тие снимија многу актуелна новогодишна реклама, која за кратко време ги освои симпатиите на публиката. Откако минатата година на многумина им беше одземена празничната „магија“ поради епидемијата, оваа реклама ги води гледачите низ неколку сценарија кои потенцијално можат да ја расипат овогодинешната прослава, но нуди и решение за ваквите ситуации.

Пораката на оваа реклама е „Овој Божиќ ништо не може да ме спречи“ како што се нарекува и самата реклама.

Рекламата ги прикажува проблемите со кои се соочуваше Велика Британија и целиот свет. Недостигот на храна или епидемијата на коронавирус се некои од нив. Сепак, во рекламата може да се види како се решени сите овие проблеми.

Во еден момент се размислува дали Дедо Мраз ќе оди во карантин поради короната, што предизвикува загриженост кај децата, но кога ќе пристигне на аеродромот, Дедо Мраз ја покажува својата ковид пропусница и без проблем ја поминува контролата.

Во позадина на спотот е песната на групата „Квин“ „Don’t Stop Me Now“ и е прегледана околу 400.000 пати.

Сепак, граѓаните на Велика Британија протестираа против оваа реклама. Тие побараа да бидат отстранета од интернет поради промовирање на вакцинацијата, но таа сè уште е на YouTube.