И да врне, и да вее, првата брза железничка линија на светот не запира:10 годишниот љубилеј го прослави со 670 милиони превезени патници

109

На први декември 2012 година пуштена е во употреба железничка пруга со должина од 921 километар која ги поврзува северисточниот кинески град Харбин и пристанишиот град Далија, пренесе Синхуа.

Според податоците на Кинеската железница Харби до 1 декември оваа година поминале 739.000 возови со повеќе единици.

Брзата пруга Харбин-Далиан, која им овозможува на возовите да се движат со максимална брзина од 300 километри на час, се наоѓа во регион со голема географска ширина каде што се чести дождови, снег и мраз. Максималната температурна разлика помеѓу зимата и летото долж трасата може да биде поголема од 70 степени Целзиусови.