И „дамата“ загриза за Кутињо

61

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Филипе Кутињо.

Офанзивниот играч за врска актуелната сезона ја одработува како позајмен играч во дресот на Баерн (М), но баварскиот клуб не сака да го откупи неговиот договор. Италијанските медиуми открија дека „старата дама“ сака прво да го позајми Бразилецот, а потоа да го откупи неговиот договор со понуда не поголема од 70 мил. евра.