И ГОСПОД ПРОГЛЕДА: Ни се јави Северина….во долна облека!

79

Дали да не остане покуса од моментално популарната Јелена Карлеуша, се јави Северина Којиќ која се сликаше многу провокативно, а за малку да продолжеше така ќе беше па и скоро гола. За медиумската кампања на својот најнов албум “Хало”, популарната сплитско-белградска пејачка, која има и армија обожаватели во Македонија, направи добра провокативна фотосесија.

На сликите е во долна облека со црни чорапи – доколенки! И веднаш предизвика цунами од коментари од оние највулгарните кои нема да ги цитираме, бидејќи се доста прости, до оние најскокотливите, дека блазе си му на “малиот” Игор со една таква во брачниот кревет. Има и такви кои забележале дека Северина не се смее. Обожавателот се прашува што ја мачи неговата миленичка, па ако може да и помогне! Секако дека на Северина помош не и треба. Таа само сака да ја задржи својата актуелност за да ја тргне од пиедесталот озборуваната Карлеуша. Кој за што тие двете постојано за популарноста, ама и за пусти пари, нели?!   Д.М.