И Германците се борат за руската Вагнер во Украина: За месечна плата од 7.000 долари

176

За руската платеничка група Вагнер на фроното во Украина се борат државјани кои не се Руси. Оваа вест доаѓа по интервјуто на Тагесшпигел (Tagesspiel) со Германец кој се бори на страната на Украина на фронтот во источниот регион Донбас.

21-годишен Германец, кој не сакал да биде именуван, но чиј идентитет е познат на уредниците на Тагесшпил, тврди дека во Бахмут Украинците заробиле неколку Вагнерци.

„Двајца затвореници имаа германски пасоши. Едниот е од Лајпциг и има руски корени. Другиот се вика Волкер и доаѓа од Берлин“, рекол Германецот, кого Тагесшпил го нарече Бен Каулер.

„Со оглед на тоа што двајцата Германци не зборуваа добро англиски, ме испратија во Киев да преведувам за време на испрашувањето на затворениците. Целиот процес траеше три дена“, рече Каулер, а потоа додаде: „Немам ништо друго освен презир кон платениците на Вагнер”, пренесува Кликс.ба.

„Волкер од Берлин долго време бил невработен и отпатувал во Русија во септември за да се приклучи на единицата Вагнер. Тој немаше претходно воено искуство и рече дека тоа го правел само за пари. Неговата плата била значително повисока од мојата. Јас добивам 3.000 евра месечно. Како платеник на Вагнер, тој добива 5.000 долари плус бонуси. Кога сѐ ќе се собере, станува збор за 7.000 долари“, рече Каулер.

Но, тој тврди дека може да се заработи повеќе. Ако убие еден од нас странците и го донесе неговиот пасош како доказ, добива дополнителни 10.000 долари“, вели германски волонтер кој се бори за Украина.

Според Каулер, Германците не се единствените странци во редовите на Вагнер во Украина. Меѓу затворениците во Бахмут, тврди тој, имало Американец, Французин, Британец и Сириец.

Самиот Каулер, пишува Tagesspiel, потекнува од мал град во Саксонија. Тој пристигнал во Украина во февруари минатата година, набргу по почетокот на руската инвазија, каде што се приклучи на новооснованата Меѓународна легија за одбрана на Украина. Неговото вистинско име не е објавено од безбедносни причини.