Втор негативен тест на Ковид-19 на Филипче – заврши неговата изолација

34

Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на КОВИД-19, кој исто како и првиот е негативен на вирусот, објави министерот за здравство Венко Филипче.

-Со ова практично завршува мојата 14-дневна изолација која ја спроведов на сопствена иницијатива и покрај тоа што епидемиолозите не сметаа дека сум во ризик.
Во изминатите две недели сите мои работни обврски ги извршував од изолација и одржував редовни онлајн состаноци со Комисијата за заразни болести, лекарите во здравствените установи, колегите во владата и медиумите и се функционираше беспрекорно. Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство, напиша Филипче на Фејсбук.

Тој наведува дека продолжува да управува со сите активности на министерството и ситуацијата со коронаирусот во земјата.

– Им благодарам на сите за поддршката, напиша Филипче.