Дома МАКЕДОНИЈА И Вранишковски на литургијата во Свети Сава

И Вранишковски на литургијата во Свети Сава

180

На литургијата за помирување која започна утрово во 9 часот во храмот Свети Сава во Белград, на која служеа Српскиот патријарх Порфириј и Архиепископот охридски и македонски Стефан, присуствуваше и Јован Вранишковски од ПОА.

Во присуство на голем број граѓани по 55 години со литургијата на помирувањето ќе се обнови литургиската и канонската заедница на двете сестрински цркви, согласно одлуката на парламентот на Српската православна црква.

Македонските владици се надеваат дека Српската православна црква на крајот на мај ќе го испрати предлогот за автокефален статус на МПЦ-ОА.