Расте популарноста на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, иако таа веќе некое време не е во политиката, ниту на чело на владата.
Според најновата анкета на INSA направена за „Билд“, Меркел не само што е на прво место како најомилена германска политичарка, туку таа предност во последниот месец ја зголемила и покрај тоа што се повлече од политиката.
Поранешната канцеларка сега има поддршка од 59,3 отсто од граѓаните, што е за три процентни поени повеќе од резултатите од анкетата од 29 ноември.
Втор најпопуларен германски политичар е министерот за здравство Карл Лаутербах, додека актуелниот канцелар Олаф Шолц и натаму е на трето место со 51 отсто од поддршката на испитаниците.