И во времето на корона, наоѓа време за љубов, Саманта Фокс објави дека е лезбијка

388

Саманта длабоко ги разочара мажите, исто како и Рики Мартин жените кога кажа дека е геј!

Мажите ширум светот лудуваа по неа. Таа поради своите бујни гради беше светски секс-симбол во 1980-те години. Рок пејачката Саманта Фокс не се плаши од коронавирусот, таа живее сто на саат. Саманта објави деновиве пред новинарите дека се свршила со својата девојка Линда Олсен со што јавно призна дека е лезбијка. Саманта и осум години помладата Линда почнале да се забавуваат пред неколку години, а сега и ја крунисале својата љубов пред светската јавност. Со ова Саманта длабоко ги разочара мажите, исто како и Рики Мартин жените објавувајќи дека е геј.
„Љубовта е поголема од сè и не можете да одберете во кого ќе се вљубите, ја се вљубив во девојка, не во дечко. Не ме осудувајте“, кажала британската поп-свезда. Сега Саманта и Линда се многу среќни,а сакаат да го поминат остатокот од животот заедно. Вљубени се, се сакаат и сакаат тоа да биде и пред матичарот.
Но, само поради пандемијата на коронавирус, Саманта и Линда нема да се венчаат до крајот на оваа годината.
Инаку, Саманта сега има 53 години и одлично изгледа. Славата и рипна уште повеќе кога во 1996 година се сликаше гола за „Плејбој“. (Д.М.)/foto:FB