Со спектакуларно кабаре шоу во кое учествуваа над 30 уметници, пејачи и актери, во Битола започна со работа комплексот „Голд Фелициа“. Гостите уживаа во уникатната кабаре претстава која понуди разни уметнички точки и песни за сите генерации.

„Комплексот доби гламурозно отворање какво што му прилега, а многубројните гости имаа прилика да се уверат во се она што истиот веќе може да им понуди“, велат од „Голд Фелициа“.

Покрај танчерите на сцената церемонијален мајстор беше Жарко Димоски, а го придружуваа пејачите Александар Тарабунов, Димитар Андоновски, Огнен Здравковски и пејачките Полина Тасева, Калина Велковска и Христина Јовановска.

За кореографијата на танчарите се погрижи Илија Кардакоски, а за изгледот на сите учесници модниот дизајнер Андреј Папаз.

„Kабаре-шоуто го најави и отвори просторот кој ќе биде наменет токму за тоа, музички изненадувања, секојдневни настани на кои ќе гостуваат популарни домашни и странски имиња, што особено ме радува“, рече Димитар Андоновски, музички директор на целиот проект.