Најдобриот активен и веројатно најдобриот играч во историјата на снукерот, Рони О‘Саливен, остро ја критикуваше новата генерација на играчи нарекувајќи ги полуаматери.

И на 45-годишна возраст, О’Саливен влезе во четврт-финалето на Светското првенство без некои поголеми тешкотии со победата над 33-годишниот Дин Јунџуи.

  • Ние постарите играчи сè уште одржуваме високо ниво затоа што овие млади се ужасно лоши. Гледајќи ги некои од нив, сфатив дека ќе треба да ги загубам раката и ногата за да не испаднам од ТОП 50. Повеќето од нив се на полуаматерско ниво, иако некои од нив веројатно не би биле добри ниту меѓу аматерите, изјави О’Саливен за „Би-би-си“.

Потоа одличниот снукер одговори на прашањето „дали верувал дека неговата кариера ќе трае 25 години“.

  • Кога сте млади, имате огромна мотивација и глад за успех, но во одреден момент мора да се прашате како се справувате со притисокот и можеби барате ново хоби или работа. Играм без никаков притисок бидејќи во оваа фаза од мојата кариера е навистина ирелевантно без разлика дали ќе победам или не. Јас сè уште уживам во снукерот и ќе играм додека е така, додаде О‘Саливен.

Легендарниот Англичанец, кој моментно е трет на светската листа, е познат по ексцентричните испади. Инаку, петпати беше светски шампион, заработувајќи повеќе од 11 милиони фунти во својата кариера само од награди. Тој имаше проблеми со депресија, недостаток на мотивација и еднаш предаде натпревар затоа што почувствувал дека игра очајно.