И бегалците од Авганистан во македонскиот попис

На официјалната веб-страница „Попис 2021„ стои дека со пописот ќе бидат опфатени странските државјани кои се присутни во Република Северна Македонија со одобрение за престој, странците со поднесено барање за признавање на право на азил, признато право на азил и со признат статус на бегалец и лицата без државјанство кои во моментот на спроведувањето на пописот ќе се затекнат во државава. На прашањето дали и бегалците од Авганистан ќе влезат во македонскиот попис, заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селами за весникот ВЕЧЕР изјави дека тоа зависи од нивниот статус. „Ако поединецот во Македонија биде само транзит нема да биде попишан, но ако му се признае статус на бегалец ќе мора да се попише. Дел од мигрантите може да бараат азил во земјава, најверојатно и тие ќе бидат пребројани. Во секој случај мора да почекаме да видиме како ќе биде дефиниран нивниот статус, вели Селами за весникот ВЕЧЕР.

182

Не се размислува за ново одложување на пописот без оглед на епидемиолошката состојба во септември. Подготовките интензивно течат, а за два дена завршува по трет пат продолжениот конкурс за попишувачи. Заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селами во изјава за весникот ВЕЧЕР вели дека попишувањето нема да претставува закана за ширење на заразата.

-Минатата недела го донесовме протоколот и со сигурност можеме да кажеме дека граѓаните ќе бидат безбедни. Еден попишувач ќе влегува во домаќинство, ќе ги попише сите членови. Опасност нема, и сигурен сум дека пописот е многу побезбеден од изборите кои следат, зашто таму во секој случај има поголеми групирања, повеќе членови во општинските изборни комисии, итн…

Дали во пописот ќе влезат и неколкуте стотици бегалци од Авганистан кои деновиве пристигнуваат во Македонија, Селами вели дека засега не може конкретно да се одговори.

-Сè ќе зависи од нивниот статус, ако во Македонија бидат само транзит нема да бидат попишани, ако му се признае статус на бегалец ќе мора да ги попишеме. Дел од нив може да бараат азил во земјава, најверојатно и тие ќе бидат пребројани. Во секој случај мора да почекаме да видиме како ќе биде дефиниран нивниот статус, вели Селами за весникот ВЕЧЕР. На официјалната веб-страница „Попис 2021„ стои дека со пописот ќе бидат опфатени странските државјани кои се присутни во Република Северна Македонија со одобрение за престој, странците со поднесено барање за признавање на право на азил, признато право на азил и со признат статус на бегалец и лицата без државјанство кои во моментот на спроведувањето на пописот ќе се затекнат во Република Македонија.

Исто така, се наведува дека во пописот ќе влезат сите лица од сите други видови простории или објекти кои не се станови во смисла на дефиницијата за стан, но за време на пописот се користат за живеење (други населени простории, населени деловни простории, импровизирани живеалишта и колективни живеалишта, како и колективните станови (домови и хотели за самци, домови за пензионери, стари и изнемоштени лица, студентски домови, манастирски конаци и сл.

Дополнително, и премиерот Зоран Заев деновиве потврди дека државата веќе направила аранжмани и договори со сите хотели за да ги смести бегалците. Ќе бидат вакцинирани и згрижени, но ќе им биде понуден и општествен ангажман.

-Капацитетите се огромни. Досега имаме хотели кои понудиле поголеми капацитети и места за 300 и 500 луѓе. Апсолутно се работи за луѓе со свои квалификации и верувам за време на нивното задржување во Северна Македонија, ќе можеме да направиме нивно здравствено и секакво згрижување, но секако и општествен ангажман. Најважно е да го покажеме хуманиот аспект, да ги зачуваме животите, да пружиме рака према деца, студенти, жени и миротворци, активисти за човекови права, политики и т.н., изјави Заев.

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски пред два дена рече дека Владата им ветила и вработување на Авганистанците.

Димовски додаде дека Македонија има обврска да води сметка за состојбите во светот, но е една од најмалите и најсиромашните во Европа.

„Македонија не успева да обезбеди основни услуги за своите граѓани значи децата свидетелства немаат добиено сè уште, во Тетово не можеме да обезбедиме вода за пиење, по други градови не се добиваат основни услуги не се купени возила за Брза помош и слично. Не се задоволени основни услуги за граѓаните, нема ни лични карти“, рече Димовски.

По изјавата на експратеникот Димовски, од Владата реагираа со соопштение во кое порачаа опозицијата да не шири лаги и омраза, и објаснија дека не постои никаква владина програма за вработување лица од Авганистан, и дека ова е акција за спасување животи.

„Владата не ветувала програма за вработување на граѓаните кои бараат засолниште од хуманитарната криза во Авганистан. Тоа не е точно, најостро ги отфрламе ваквите невистини, Владата е целосно фокусирана на обезбедување безбедност, здравствена заштита, храна и кров над глава за миротворното население од Авганистан. Уште еднаш потенцираме дека станува збор за граѓани кои во Авганистан работеа за меѓународните демократски мисии и организации, новинари, активисти на организации за човекови права, како и за деца и членови на нивните семејства. Речиси сите трошоци сместувањето и за сѐ друго што е неопходно ги покриваат меѓународните организации. Граѓаните од Авганистан за кои обезбедуваме животоспасувачка мисија ќе бидат на привремен престој во Северна Македонија, сè до нивниот трансфер до САД или до трети земји. Апелираме до сите општествени чинители, а особено до политичките претставници на опозицијата да направат чекор и да преминат на страната на солидарноста, да поддржат спасување човечки животини и човечки судбини, да не шират дезинформации и да не предизвикуваат со тоа омраза кон демократските граѓани на Авганистан кои ќе пристигнат во земјава“, стои во реакцијата од Владата.                                  (Ј.Ц.Г.)