И бакнежи и солзи – Елена Велевска со мајчинска љубов за децата

1338

За македонската фолк-ѕвезда Елена Велевска 2021 година е една од најлошите во нејзиниот живот.
Таа во естрадниот магазин Бекстејџ, истакна дека во 2021 година изгубила буквално сѐ, но останала силна, храбра, полна со љубов за оние кои најмногу ги сака, а тоа се нејзините деца. Иако законски го изгубила старателството над децата, сепак успеала да си го најде мирот откако се разделила од сопругот.

-Мене не ми е битно старателството или листот хартија кој го земал насилникот, не ми треба архива од хартија, мене ми треба топлина. Јас ја имам мајчинската љубов и со ништо не може еден човек да ме уценува и да ме држи онаму каде што не припаѓам. Се знае каде припаѓаат децата. Тие секогаш се во моето срце. Го чекам денот кога ќе ми бидат вратени кај мене, кажа пејачката со многу солзи во очите, а на децата им прати многу мајчински бакнежи.