И актерите не ги сакаат сите свои филмови:Хју Грант уште не може да преболи една сцена од божиќниот хит „Всушност, љубов“/ВИДЕО

64
Британскиот актер Хју Грант откри дека се обидел да го избегне снимањето на како што јзиави, „мачните“ сцени од празничниот класик „Всушност, љубов“, во која британскиот премиер џуска на Даунинг стрит.

 

Грант во божиќната романтична комедија на Ричард Кертис од 2003 година, го играше британскиот премиер кој е вљубен во една членка од својот персонал. Една од незаборавнире сцени е онаа кога Грант танцува низ резиденцијата во Даунинг стрит на песната Jump на составот Поинтер систерс.

„Го видов тоа во сценариото и си помисли:Мразам да го правам тоа. Воопшто не ми се допаѓаше да танцувам, а не па да го вежбам тоа“, рече Грант.

Потоа во разговорот се уфрли режисерот Ричард Кертис, тврдејќи дека актерот упорно одбивал да ја сними таа сцена.

„Мислам дека се надеваше дека ќе се разболи или нешто слично, па да кажеме:Каква штета, ќе мораме да ја прескокнеме таа танцова секвенца“, рече тој.

Кертис додад дека постоела „обврска во договорот“ Грант да сними танцова секвенца, што актерот тогаш на шега ја опишал како „договорна гилотина“.

„Инаку, не бев ни во ритам, особено на почетокот кога мрдам со задникот. И денес постојат многу луѓе – и јас се согласувам со нив – кои мислат дека тоа е најмачната сцена некогаш снимена на филмска лента. А, сепак, на некои им се дошпаѓа“, додаде Грант.