Димитрис Итудис е нов тренер на Фенербахче, потврди кошаркарскиот гигант од Истанбул. Она за што се шпекулираше пред крајот на сезоната сега се реализира. Поранешниот тренер на ЦСКА Москва ја презеде клупата на Фенербахче, каде го наследи српскиот тренер Александар Ѓорѓевиќ.

Итудис потпиша тригодишен договор со Фенер и ќе се обиде да ги оствари резултатите на неговите претходници Обрадовиќ, Кокошков и Ѓорѓевиќ.

-Сакаме овој договор да биде од корист и за клубот и за Димитрис Итудис и се надеваме дека нашиот нов тренер ќе има трофејни сезони во жолто-синиот дрес, се вели во соопштението на клубот.

Итудис претходно мина осум години во ЦСКА Москва, шест пати беше шампион на Русија, исто толку пари шампион и на ВТБ лигата, додека со ЦСКА двапати ја освои европската титула.