Италија сака да не види во ЕУ

135

Италија останува на позицијата дека Северна Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ. Првата можност за тоа е на состанокот на Европскиот совет во јуни веднаш по европските избори, изјави денеска италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

– Сметам дека ова е важен момент за регионот, а особено за Северна Македонија. Од секогаш ја поддржуваме евроатлантската перспектива со сите реформи што земјата мора да ги спроведе, но битна е и пораката што ЕУ ќе им ја даде на Северна Македонија и на Албанија, рече Ромео.

Тој посочи дека во контекст на реформите важни се оние во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите кои треба да се завршат. Смета дека на ЕУ и се потребни институционални реформи.

-Не верувам дека луѓето во Европа ја изгубиле довербата во ЕУ, постои само незадоволство од европските институции кои треба да бидат поблиску до граѓаните и нивните потреби. На Европа и се потребни институционални реформи, а на граѓаните им е потребна повеќе ЕУ, а не помалку, рече амбасадорот Ромео.