Италија сигурно ќе добие фудбалски шампион

75

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, потврди дека Италија и оваа сезона ќе има шампион во Серија А, иако националниот шампионат е во прекин поради ширењето на смртоносниот вирус Ковид-19.

Гравина откри дека федерацијата има јасен план со кој сака да ја контролира ситуацијата во Серија А и да го пронајде новиот шампион. Тоа значи дека Италија ќе има шампион и во актуелната сезона.

  • Постои план, кој е приоритет за нас. Сите ќе бидеме среќни доколку сезоната заврши на зелениот терен. Во контакт сме со ФИФА. Фудбалерите кои имаат договор до 30. јуни ќе добијат продолжување се додека сезоната не биде комплетирана. Мора да најдеме решение и иделно ќе биде ако сезоната се игра до 30. јули. Сепак, мора да ги почитуваме и строгите правила на политичкиот врв, а ако не може да се игра, тогаш ќе мора да донесеме одлука која ќе се темели на веќе одиграното во актуелната сезона. Разговараме за „скудето“, за пласманот во европските клупски натпреварувања, за испаѓањето и пласманот во Серија А, изјави Гравина.

Според моменталниот пласман, Јувентус повторно ќе биде шампиони, а пласман во Лигата на шампиони ќе обезбедат и тимовите на Лацио, Интер и Аталанта. Само за потцетување, во Италија веќе има околу 10.000 луѓе кои починаа како последица од смртоносниот вирус Ковид-19.