Италија на два чекори до Бразил и Шпанија

121

Со пласманот во финалето на Европското фудбалско првенство, Италија под водство на селекторот Роберто Манчини ја продолжи серијата без пораз на 33 натпревари и се приближи до светскиот рекорд во сопственост на Бразил и Шпанија. Италија последен пат беше поразена во септември 2018 година од Португалија (0:1) во Лигата на нации и оттогаш репрезентацијата под водство на Манчини нанижа 27 победи и шест нерешени натпревари. Доколку Италија ја освои европската титула на 11 јули на стадионот „Вембли“ во Лондон, Азурите ќе дојдат на еден чекор до израмнување на светскиот рекорд на Бразил и Шпанија, кои имаат серија од 35 натпревари без пораз.