Италијанскиот град Торино ќе биде домаќин на 66. издание на Евровизија, објавено е на официјалната веб -страница на фестивалот

Натпреварот ќе се одржи од 10 – 14 мај следната година.

Торино е третиот италијански град што ќе биде домаќин на Евровизија (по Неапол во 1965 година и Рим во 1991 година).

Неколку италијански градови, меѓу кои и Рим, Милано и Фиренца, се кандидираа за домаќин на натпреварот, но шоуто во 2022 година ќе се одржи во Торино, северна Италија.

Европската радиодифузна унија и италијанскиот јавен радиодифузер „Раи“ кои го организираат натпреварот се очекува да ја потврдат одлуката во текот на денов.

Италија стана земја домаќин на популарниот музички натпревар за 2022 година, откако италијанската рок-група „Манескин“ победи на овогодишното издание.