Италијанците честат: Дојдете, ви ги покриваме дел од трошоците за летување и сместување

594

Италијанскиот премиер Џузепе Конте нагласи дека актуелната состојба во Италија е најлошата криза од Втората светска војна, а за да почне земјата да се опоравува, Владата бара нови начини за да привлече туристи.

Поради коронавирусот Сицилија изгуби повеќе од милијарда евра приходи од туризмот, поради што тамошните власти мораа да смислат нов план за да привлечат туристи, пренесува punkufer.dnevnik.hr.

Регионалната влада ќе покрие половина од трошоците за авионските летови, како и третина од трошоците за хотел. Покрај тоа ќе понудат бесплатни влезници за сите музеи и археолошки наоѓалишта. Тоа Италијанците ќе ги чини 50 милиони евра.

Понудите ќе бидат достапни на официјалниот интернет портал на островот, што е посветен на туризмот.

Италија сака да привлече туристи по пандемијата. Ова е првпат Сицилија да нуди вакви одлични понуди, за да ги мотивира туристите да го посетат островот.