Официјален Рим пред неколку денови ја засили својата т.н. „златна моќ“, односно дискреционото право на државата, поради национални интереси да ги блокираатг договорите за развој на 5Г мрежата.

Кинеската телекомуникацијакорпорација ZTE предупреди дека зајакнувањето на овластувањата на италијанската влада за интервенција во приватниот сектор, кога се работи за телекомуникациски мрежи од петтата генерација, може дополнително да го одложат воведувањето на 5Г мобилните услуги во земјата.

Тоа е направено поради загриженоста врзана за потенцијалното учество на Хуавеи и другите кинески компанииT во развојот на италијанската 5Г мрежа, рекол за Ројтерс, извор од италијанската влада.

„Неодамнешниот декрет за „златна моќ“ создава се поголема неизвесност за актерите во оваа индустрија, изјавил директорот на италијанскиот огранок на ZTE, и додал дека тоа не е добро за инвестициите и дополнително го одложува воведувањето на 5Г мрежата во земјата.

Според најновата уредба потребни се 165 дена за добивање на владино одобрение за договорот во кој се вклучени неевропски компании.