Властите во италијанското село наречено Пратола Пелиња, на околу 150 километри од Рим, продаваат околу 250 домови за едно евро со надеж дека ќе привлечат нови жители, кои ќе ги реновираат и ќе живеат во нив.
Селото се наоѓа во регионот Абруцо во близина на Апенините, што значи дека некои од најдобрите италијански скијачки центри се многу блиску.
– Работиме на овој проект неколку години, избираме соодветни домови кои не беа дел од реконструкцијата по земјотресот. Нашата цел е повторно да заблескаме и да ја вратиме убавината на стариот центар, дури и да трае – изјави локалниот советник Паоло Ди Бако за Си– Ен– Ен.
A one euro house, anyone? #Italy #Maenza pic.twitter.com/Pps9PuQYQB
— Elayne Let Everyone Vote Boosler (@ElayneBoosler) September 21, 2021
Оние што ќе одлучат да дојдат во селото ќе имаат полни раце работа бидејќи домовите се во прилично лоша состојба, но тие се пространи, имаат поткровје, тераси и балкони, па затоа имаат голем потенцијал.
Меѓутоа, ако плановите за реновирање не бидат пријавени во рок од шест месеци, следува казна од 10.000 евра.