Еден од најконтроверзните тенисери на денешницата, Италијанецот Фабио Фоњини, повторно се најде во центарот на вниманието.

Тој на натпреварот од осминафиналето на олимпискиот турнир претрпе пораз од Русинот Даниел Медведев со 2-1 во сетови (2:6, 6:3, 2:6), но успеа да направи и еден куп глупости.

Натпреварот се одигра во екстремно топло време, а фактот што мечот беше накратко прекинат поради давање помош на рускиот тенисер кој колабираше во еден момент, доволно говори за жештините во Токио.

За да не ја доживее истата судбина, италијанскиот тенисер користеше цевка за кислород за време на натпреварот, што му даде свежина, но отиде чекор подалеку и со овој уред го излади и меѓуножјето.