Италијански неврохирург: Шумахер е непрепознатлив

105

Угледниот италијански неврохирург, Никола Ачијари тврди дека поранешниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер воопшто не личи на човекот што го памети од патеките.

– Шумахер е непрепознатлив. Тој повеќе не е во кома, но далеку е од човекот што го паметиме. Сега и органски и психички е поинаква личност, со изменета органска, мускулна и скелетна структура како последица на травматските повреди на главата, вели Ачијари, кој работи во болницата во Болоња.

Шумахер пред шест години доживеа несреќа за време на скијање на Алпите од која се здоби со тешки повреди на главата поради што и долг период беше во коматозна состојба. Неговиот денешен лик е енигма за светската јавност, освен за членовите на семејството.