Италијански градоначалник ограбен додека давал изјава во живо (видео)

53

Градоначалникот на градот Вентимиља, северозападна Италија, близу границата со Франција, беше ограбен во директен пренос на телевизија.

На видеото, кое веднаш стана хит на интернет, новинарка го прашува Гаетано Скулино – кој е одговорен за редот и безбедноста во градот, но во мигот, тој, градоначалникот не ја слуша и гледа во спротивна насока. Сето тоа се случи во центарот на градот, пред неговите и очите на телевизиските гледачи.

Крадецот го украл палтото на градоначалникот што тој го беше оставил на клупа на растојание од 2-3 метри од него. Инаку, се работи за свечен костум со којшто политичарот се беше упатил на прослава.

По шокот, градоначалникот некако, си ја врати присебноста, одговори на прашањето за безбедноста, па на шега ја замоли ТВ-екипата да му ја надомести загубата.