Мојата сопруга Вероника, децата и јас го надминавме коронавирусот!

Андреа Бочели и неговата сопруга биле „фатени“ од папарацото на улиците на одморалиштетот Форте деи Марми , каде славниот италијански тенор летува и се опоравува од коронавирусот. Тој излезе да прошета на сонце разголен само со крпата околу половината.
Како што раскажал Бочели, сета таа драма започнало на 10 март, кога лекарите му потврдија дека е заразен. -Мојата сопруга Вероника, децата и јас го надминавме коронавирусот. Имав треска, но навистина немав сериозни симптоми, објасни италијанскиот тенор. Тој деновиве ќе донира крвна плазма во болницата во Пиза, каде што бил на лекување од овој страшен вирус, поради кој и неговите концерти се откажани се до октомври.