Џанлука обожава кога е лето, така тетовиран да се слика само по гаќички за плажа, па тие слики да ги постира на Инстаграм, со што ги збудалува жените и девојките. Тие не можат да си објаснат како може некој дедо да изгледа толку секси!

Популарниот италијански милионер, 55-годишниот Џанлука Ваки, познат и како светски плејбој, наместо во Италија, се вакцинираше во Србија против коронавирус, на Белградскиот саем.

Ваки пристигна во Белград со приватен авионски лет, а дојде само за вакцинација. Тој е загрижен за своето здравје бидејќи стана и татко. Неодамна доби ќерка со својата 28-годишна партнерка Шарон, а ќеркичката ја нарекоа Блу Ерусалим Ваки.
Тој за време на вакцинацијата цело време се фотографирал и снимал, а на крајот се заблагодарил на Србија за вакцината.

-Од овој момент па натаму ќе почнам да го живеам животот во целост. Голема благодарност до Србија и српскиот народ, бев третиран како човек, така што пак ќе си дојдам. Сакам во Србија да дојдам и како турист, бидејќи успеав и за ова кусо време да видам дека Србија е убава земја, а Србинките се многу згодни жени кои се и доста добро облечени, коментирал Ваки по вакцинацијата. Српските папараци имаа полни раце работа, па Ваки го следеле во секој чекор. Тој воопшто не им беше лут, постојано имаше насмевка на лицето, а најде и време да го почувствува фантастичниот вкус на српската плескавица во лепиња со ужички кајмак.

Како што пренесуваат српските медиуми, на радост на многу дами ширум светот, италијанскиот милионер бил вакциниран разголен без маица, па можеа да се видат неговите тетоважи и добри мускули. Џанлука обожава кога е лето така тетовиран да се слика само по гаќички за плажа, па тие слики да ги постира на Инстаграм, со што ги збудалува жените и девојките. Тие не можат да си објаснат како може некој дедо да изгледа толку секси!

Ваки се прослави уште поодамна со неговите видеа на кои тој танцува, а на Инстаграм со години го следат милиони луѓе, бидејќи тој е постојано на луксузни јахти на кои троши многу пари, опкружен со секси жени. Покрај сè ова, згодниот Ваки тренира секој ден, па своето тело го одржува во одлична форма.  (Д.М.) foto:Instagram