Италијанскиот „дијамант“ од 300 милиони евра!

220

Италијанскиот „дијамант“, Сандро Тонали, е дете на Бреша, исто како и легендарниот Андреа Пирло. Игра на иста позиција, а 19-годишниот Тонали има долга коса и е граден слично како и неговиот слевн сонародник.

Тонали, кој навива за Милан, и поради тоа често го споредуваат со Пирло, откри дека сепак повеќе се доживува како актуелниот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо. Освен поранешниот фудбалер на „росонерите“, играчот за врска откри дека има уште еден идол.

  • Гатузо ми беше идол, но од денешните фудбалери најмногу ме инспирира играчот на Реал (М), Лука Модриќ, откри Тонали.

Балгодарение на одличните игри во изминатите две сезони, фудбалерот на Бреша го привлече вниманието на сите калчо гиганти, но најупорен е актуелниот шампион, тимот на Јувентус, чии челници се подготвени да одвојат околу 50 мил. евра за неговото обештетување.

  • Не размислувам за некаков трансфер, тоа моментално не ме интересира. Сакам актуелната сезона да ја завршам на најдобар можен начин и сакам уште многу да дадам за Бреша која веруваше во мене, изјави новопечениот репрезентативец на Италија.

Неговиот претседател, Масимо Челино веќе изјави дека Тонали нема да биде продаден дури и ако понудата е од 300 мил. евра.

  • Тој многу ме сака, ме третира како негов син. И јас многу го сакам. Не знам, тоа се многу пари, шокантно е да се слушнат такви бројки. Секогаш сум мирен и искрен, тоа се моите главни особини, додаде Тонали за „Кориере дела Сера“.