Италијанска двојка по 60 години заедно, починаа од коронавирусот во само два часа

1537

Италијанска двојка, која 60 години поминала во љубов и заеднички живот, починале од коронавирус еден по друг, за само два часа. Севера Белоти (82) и Луиџи Карара (86), ги поминаа последните денови заедно во самоизолација во гратчето Албино, во северна Италија.

Нивниот син, Лука Карара, тврди дека биле сами во нивниот дом, осум дена без лекарска помош, со треска предизвикана од температура која надминала 39 степени Целзиусови.

Двајцата биле примени во болницата во Бергамо изминатиот викенд, но само по два дена тие починале.

„Едниот почина во 9.15 часот, а другиот во 11 часот, за помалку од два часа еден од друг. Тие починаа сами, ете како работи овој вирус“, рече нивниот син.

Извор: This is Italy