Исчистена уште една депонија во Карпош

95

Комуналните служби на Општина Карпош расчистија уште една депонија, во реонот на Злокуќани, на патот кон православните гробишта.

Како што соопштија од прес-службата на Општината забележително било поголемо количество на кабаст отпад и градежен шут, кои свесно биле одложени на несоодветен начин.

Локалната самоуправа апелира на правилно одложување на отпадот. На нашата веб страна достапни се сите информации за правилно ослободување од секаков вид отпад (линк: https://bit.ly/3bF9uLW).

– Во изминатиов период, општината ги интензивираше и инспекциските контроли на повеќе критични места, при што беа санкционирани неколку деловни субјекти кои ја загадуваат околината. За оваа година, од Буџетот на Карпош се одвoени 650.000 денари за чистење на диви депонии, се наведува во соопштението од Општина Карпош.

Во изминатиот период, целосно беа подигнати и расчистени децениските депонии: кај мостот „Газела“ долж реката Вардар, во близина на хотелот „Александар Палас“ и Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кај фудбалското игралиште во Злокуќани, како и во Бардовци (долж реката Лепенец).