Властите во Јапонија објавија дека еден спортист на Уганда, кој требало да биде дел од Олимписките игри во Токио исчезнал.

Станува збор за Џулиус Секитолеку, тој е натпреварувач во кревање тегови. Властите се алармирале кога тој не се појавил на задолжителното тестирање кое се одвивало во хотелот Изумисано.

Полицијата во овие моменти прави силни напори да го пронајде исчезнатиот спортист.