„Исчезна“ крстот во базен во Пробоштип, се фрлаше втор

167
водици во скопје

Околу 40 минути траеше потрагата по крстот во Пробиштип каде по повод големиот христијански празник Водици крстот се фрлаше во базен во Аква паркот. Попот го фрли крстот, по што неколку момчиња кои се пријавиле скокнаа во базенот. Но, откако не го најдоа фрлија втор крст по кој скокнаа само двајца од пријавените, пишува порталот МКД.

Но, крстот потона во базенот длабок 2 метри и никој од пријавените верници не успеа да го пронајде. На неколку пати пријавените излегуваа и пак се фрлаа во базенот, нуркаа, но потрагата по крстот беше неуспешна.

Во празен базен и попот и верниците кои беа дојдени да присуствуваат на чинот гледаа околу 40 минути.

Присутните на социјалните мрежи настанот го пренесуваа во живо, а коментарите на Фејсбук гласат „Попо да се фрле”, за на крајот гледачите да почнат да прашуваат да не се работи за скриена камера.

Настанот кој беше проследен со многу смеа од страна на присутните заврши со фрлање на втор дрвен крст по кој скокнаа само двајца. Едниот од нив по име Драган кој беше најупорен го извади крстот од базенот.