Прочуената колекција во Гванахуато остана без 22 од чудесните и застрашувачки мумии

383

Поранешната директорка на светски познатиот Музеј на мумии во мексиканскиот град Гванахуато ги обвини локалните власти за исчезнување на 22 мумии и го повика УНЕСКО да преземе мерки да се зачува најголемата збирка мумии на светот.

Некогашната директорка, сега промотер на културни настани, Палома Рејес Лакајо, и порано се обраќала за слични проблеми и до Националниот институт за антропологија и историја, а сега посебно бидејќи пред отворањето на културните институции во Мексико поради пандемијата на вирусот корона е забележано дека недостига извесен број мумии.

Според нејзините зборови, колку и да е поинтригантна приказна за кражба на мумиите објаснувањето е многу побанално – станува збор за едноставна негрижа и невнимание, пишува Мексико њуз дејли.

„Верувам дека дошло најверојатно до скелетонизација, односно до распаѓање на меките ткива и дека останале само коските, претпоставува некогашната директорка.

Рајес Лакајо предупредува дека културното наследство е загрозено бидејќи локалните власти дозволуваат мумиите да се изнесуваат и да се изложуваат на фестивали и саеми низ Мексико. Носени се и дури на трки за автомобили без соодветни дозволи или почитување на протоколот за заштитат. Званично не е дозволено ни изнесување на мумиите од Музејот.

Иако музејот на мумии во Гуанахуато можеше да се пофали со колекција од 117 мумифицирани остатоци, од кои 111 цели женски и машки тела, четири глави и два фетуса, Рејес Лакајо тврди дека сега се само 95.

Мумиите од Гванахуато се природно мумифицирани тела на покојници кои биле закопани на гробиштата на Св. Павле во Гванахуата, главнио ти најголем град на истоимената држава, познат по борбата за мексиканска независност. Во текот на епидемијата на колера од 1826 година до 1851 година починале многу луѓе и телата биле веднаш закопувани за болеста да не се прошири.

Првата мумија била изложена уште во 1865 година.

Извор:www.mexiconewsdaily.com