Луда вест деновиве пристигна од Црна Гора, откако американскиот кошаркар Кори Дејвис исчезна од тимот на Морнар, па клупските лица не можеа со денови да му најдат ни трага, ни глас.

Проблемот настанал кога Морнар гостувал кај Ираклис во Солун, во рамки на Еврокупот. Дејвис одбил да игра под изговор дека е повреден, но по враќањето во Бар, лекарите утврдиле дека нема повреда, а американскиот плејмејкер решил да го напушти градот, државата и континентот, без да каже никому каде се наоѓа.

Но, потерата завршила кога кошаркарот се активирал на социјалната мрежа Инстаграм. Тој споделил видео на својот профил, на кое се гледа како ужива во луксузен хотел каде е тешко да се земе соба за ноќевање за помалку од 500 долари.

Плејмејкерот избегал од Бар во Хјустон, град оддалечен речиси 10.000 километри, каде што играше колеџ кошарка од 2017 до 2019 година.