Истражување: Франција водечка европска дестинација за нови странски инвестиции

46

Франција за првпат ја зазеде позицијата на главна европска дестинација за нови странски инвестиции, оставајќи ги зад себе Велика Британија и Германија. Тоа го покажа истражувањето на консултантската фирма „Ернест и Јанг“ објавено денеска.

Минатата година Франција привлече 1.197 странски инвестициски проекти што е за 17 проценти повеќе од 2018 година, објави „Ернест и Јанг“.

На второ место е Велика Британија со 1.109 проекти, пет проценти повеќе од една година порано. Следува Германија со 971 проект, непроменет број во однос на претходната година.

Истражувањето на деловниот сектор на „Ернест и Јанг“, спроведено кон крајот на април, исто така, покажа дека многу проекти во Франција може да бидат ревидирани како резултат на корона-кризата.

Две третини од анкетираните деловни лидери очекуваат оваа година да ги ревидираат плановите за инвестиции поврзани со Франција и 15 проценти да ги одложат до 2021 година. Никој нема намера да ги откаже или додаде нови.

Извор:МИА