Истражување: Третата доза од вакцината на Фајзер е ефикасна 95,6 отсто

86

Третата доза од вакцината против Ковид-19 развиена од Фајзер и БионТeк е 95,6 отсто ефикасна против симптоматските форми на болеста, покажа студијата на две лаборатории.

Клиничкото испитување од третата фаза, спроведено на 10.000 луѓе постари од 16 години, покажа „релативна ефикасност од 95,6 отсто“ и „поволен безбедносен профил“, се вели во соопштението.

Резултатите ги поздрави извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла.

Испитаниците во просек имале 53 години.

Резултатите ќе бидат доставени до регулаторите што е можно поскоро.

Неколку земји го одобрија давање на третата доза од вакцината бидејќи тестовите покажаа дека заштитата паѓа по неколку месеци.

Американската агенција за борба против дрогата (ФДА) препорачува трета доза од крајот на септември за некои ризични групи како оние над 65 години.

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри трета доза на вакцина Фајзер за оние над 18 години во почетокот на октомври, а земјите-членки сами можат да одредат кои возрасни групи ќе ја примаат.

Во Израел, третата доза се дава од 12 години, пет месеци по вакцинацијата.