Истражување: Интелигентните жени делат една лоша навика

219

Научниците од Универзитетот во Рочестер во една студија (која се занимавала со проучување на однесувањето) откриле дека има една работа што интелигентните жени особено често ја прават. И тоа не влегува во рамките на доброто воспитување.

Што е знак за натпросечна интелигенција кај жените?

Ако му се верува на ова истражување, ако во вашиот вокабулар често се присутни пцовките, тогаш спаѓате во натпросечно интелигентниот дел од женската популација. Имено, студиите покажале дека интелигентните жени почесто пцујат и кажуваат „безобразни“ зборови од оние со помал коефициент на интелигенција, пренесува порталот 24sata.hr.

И пцуењето не е лошо за формата на телото

Верувале или не, други истражувања покажале дека пцуењето може да го подобри – обликот на телото. Меѓу другото, наводно може да ја зголеми издржливоста.

Инаку, постојат некои други претпоставки засновани на научни истражувања. Да речеме, жените со поголеми колкови се поинтелигентни – барем така тврдат американските истражувања од Универзитетот во Питсбург и Универзитетот во Калифорнија. За потребите на истражувањето биле испитани когнитивните способности на околу 16.000 жени – односно перцепција, внимание, меморија, учење и решавање проблеми, креативност, планирање и ориентација.