Истражување: До 2100 година на Земјата ќе живеат 8,8 милијарди луѓе

52

До 2100 годиnа бројот на населението на Земјата ќе изнесува 8,8 милијарди луѓе, што е за две милијарди лица помалку во споредбата со актуелните прогнози на Обединети нации, објави медицинскиот неделник „Лансет“ (Lancet).

Меѓународни експерти проучувајќи ги прогнозите за наталитетот и стареењето на населението тврдат дека до крајот на векот 183 од 195 држави ќе се соочат со огромен пад на наталитетот.

Додека во повеќе од 20 држави, меѓу кои Јапонија, Шпанија, Италија, Тајланд, Португалија, Јужна Кореја и Полска населението двојно ќе се намали.

Дури и во Кина се прогнозира огромен демографски пад од денешните 1,4 милијарди луѓе за 80 години да се намали на 730 милиони луѓе.

Експертите предвидуваат раст на населението во Субсахарска Африка до три милијарди луѓе, а во Нигерија до 2100 година да живеат речиси 800 милиони луѓе, а потоа следи Индија со 1,1 милијарда лица.

Додека во повеќето држави вон африканскиот континент ќе се соочат со намалување на работната сила, што ќе доведе до негативни економски последици. За високо развиените земји да го задржат одржливото ниво на население и економскиот раст потребни се флексибилните имиграциски политики и социјалната помош за семејствата кои сакаат деца.

Според прогнозите ќе се намали бројот на деца под пет години за 40 проценти и од 681 милиони во 2017 година во 2100 година ќе изнесува 401 милијарда деца. Додека 2,37 милијарди луѓе или над една четвртина од светското население до крајот на векот ќе биде над 65 години, а тие на возраст над 80 години од 140 милиони ќе се искачат на 866 милиони луѓе.

Бројот на работоспособно население во Кина ќе се намали од денес 950 милиони луѓе до 350 милиони до крајот на векот, што е пад од 62 отсто. Во Индија се очекува помал пад од 762 на 578 милиони луѓе.

Во Нигерија се очекува зголемување на работноспособното население од сега86 милиони на повеќе од 450 милиони лица во 2100 година.

Според прогнозите на ОН во 2030 година Земјата ќе брои 8,5 милијарди луѓе, во 250 – 9,7 милијарди и во 2100 година – 10,9 милијарди лица.

Извор:МИА